Нејмар откри: Имав состанок за трансфер во Баерн во два часот по полноќ!

Бразилскиот фудбалер Нејмар направи неочекуван потег и се врати во татковината, каде што во моментов го носи дресот на Сантос, меѓутоа во разговор со медиумите откри дека пред неколку години можел да заврши во Баерн Минхен.

Пред да се пресели во Барселона, Нејмар имал понуда од Баерн, а разговарал и со тренерот Пеп Гвардиола во два часот по полноќ.

„Бев во долна облека. Во просторијата беа татко ми, Гвардиола и преведувач за да ги почнеме преговорите“, откри 31-годишниот Бразилец.

Нејмар потоа се пресели во Барселона, каде што играше четири сезони, по што го носеше дресот на ПСЖ и на крајот се пресели во Ал Хилал.