
Ливерпул објави загуба од 69 милиони eврa
Иако клубот е во загуба Ливерпул успеа да го зголеми вкупниот приход за 20 милиони фунти (614 милиони во сезоната 2023/2024), а комерцијалниот приход пораснал за 36 милиони (308 милиони фунти).
Клубот при објавата на приходите ја истакна и важнста на пласманот во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите и откри пад на медиумските приходи поради одсуство од тоа натпреварување минатата сезона за 38 милиони фунти.
Ливерпул исто така информираше дека административните трошоци значително пораснале, а платите се еден од причините. Тие трошоци се зголемила за 38 милиони фунти и изнесувале 600 милиони.
Периодот 2023/2024 ја покриваше последната сезона на Јирген Клоп како тренер во која „црвените“ го освоија Лига Купот и завршија како трети во Премиер лигата, а играа и во четвртфиналето од Лига Европа и ФА Купот.