
Липи со критики за тренерот на Јуве: Очекував повеќе од Мота
Бразилецот со италијански пасош дојде во торинскиот клуб по фантастичната сезона во Болоња, но излезе дека Јувентус е преголем залак за него во оваа фаза од тренерската кариера. „Бјанконерите“ испаднаа од три натпреварувања, а им остана само надежта за трофеј во Серија А каде шансите се минимални.
„Очекував повеќе од Мота, особено во однос на неговиот карактер. Тој е одличен тренер, но клупата на Јувентус е иста како дресот - тежи повеќе“, изјави Липи.
Засега Мота е сигурен на клупата на Јувентус, но не е исклучено на крајот од сезоната да биде сменет.