Американците не простуваат: Меси фати тренер за врат и доби казна! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси беше казнет од страна на МЛС-лигата поради неспортско однесување на дуелот против Њујорк сити.

Меси доби парична казна поради тоа што двапати го фати за врат помошник-тренерот на ривалот, Меди Балуши, по што МЛС-лигата објави дека Аргентинецот ги прекршил правилата.