„Кралевите“ без Мбапе во полуфиналето од Копа дел Реј - напаѓачот вадел заб

Вечерва своето полуфинале од Купот на Шпанија ќе го играат Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а „кралевите“ во овој натпревар ќе бидат без услугите на Килијан Мбапе.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Французинот вадел заб, па тренерот Анчелоти одлучил да го поштеди за вечерашниот натпревар.

Наводно, Мбапе чувствувал болки, па италијанскиот стратег не сака да го испрати на терен во таква ситуација.

Вечерва Реал Мадрид ќе биде уште без Тибо Куртоа и Федерико Валверде, па така на голот ќе брани Андреј Лунин, но повикани од „Б“ тимо се Кема и Гонзало Гарсија.