Кристал Палас ја понижи Астон вила, Брајтон го надигра Борнмут (ВИДЕО)
Сар по само 29 минути ја затресе мрежата на Мартинез за водство од 1-0, додека во финишот Роџерс стрелаше за 1-1, меѓутоа неговиот гол беше поништен од ВАР-технологијата.
Роџерс, сепак, погоди и втор пат во 52. минута, а овој пат голот важеше и Астон вила израмни на 1-1.
Кристал Палас не се предаваше и го засили темпото во финишот, па стрелаше преку Матета, Сар и Нкетија за конечни 4-1.
На останатите два меча, кои се играа од 20.30 часот, Брајтон славеше со 2-1 против Борнмут, додека Вулвс загуби од Фулам со 1-2.