Teбас не се откажува: Олмо не треба да ја заврши сезоната со Барселона

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се појави пред медиумите и зборуваше на повеќе теми, а една од нив беше и регистрацијата на Дани Олмо.

Околу регистрацијата на Олмо имаше цела сага на почетокот на 2025 година бидејќи Барселона не можеше да ги оправда парите кои ги потроши на него. Но, сепак преку судски пат Олмо доби право да настапува за каталонскиот гигант.

Тебас призна дека Ла Лига не се согласува со одлуката на судот.

„Очекував проблемот да го решат во август, но не успеаа во тоа, па се беше решено во три дена. Олмо потпиша знаејќи дека нема да може да игра по декември. Фирмата која купи ВИП влезници не ми изгледа толку финансиски силна. Според мене, Олмо не би требало да го заврши првенството со Барселона“, изјави Тебас.