Раниери има фаворит за свој наследник во Рома

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини наводно е фаворит за нов тренер на Рома, откако клупата ќе ја напушти Клаудио Раниери.

Гасперини ќе ја напушти Аталанта во текот на летото или по истекот на својот договор кој важи до 2026 година, веќе потврди дека соработката нема да ја продолжи.

Италијанските медиуми сега пренесуваат дека Гасперини е главен кандидат да го наследи Раниери наредната сезоната. Двајцата тренери наводно веќе одржале разговор.

Кога во прашање е Раниери, тој во овој момент го одработува својот трет мандат во Рома кој го започна во ноември, но на крајот од сезоната ќе ја отстапи клупата и има само директорска функција.