Градот како под опсада: 30.000 полицајци ангажирани поради турското дерби!

Во Турција во овие моменти се игра дербито помеѓу Галатасарај и Фенербахче, а натпреварот на лутите ривали често пати значи и многу работа за полицијата.

Но, сепак информациите од Турција денес звучат неверојатно. Имено, како што информираат турските медиуми за дербито да помине во најдобар ред ангажирани се над 30.000 полицајци.

Натпреварот започна од 18:00 часот и полициските сили се распоредени на стадионот, но и низ целиот град со цел да се спречат инциденти помеѓу навивачите.

Натпреварот е посебно важен за Фенербахче бидејќи тимот на Мурињо има шест бода помалку од Галатасарај и со победа трката за титулата би ја направиле супер интересна.