Сари може да се врати - и тоа на местото каде што завршува една ера!

Како што стојат работите Џан Пјеро Гасперини најверојатно ќе ја напушти Аталанта на крајот од сезоната.

Италијанските медиуми пренесуваат дека според Гасперини време е да заврши една успешна ера. Веќе се најавува и кој е главен кандидат да го наследи – Маурцио Сари.

Искусниот Сари е без ангажман откако го напушти Лацио и во меѓувреме одби понуди од Саудиска Арабија бидејќи сака да продолжи да работи во најсилните првенства.

Освен Сари како опција се споменуват уште Игор Тудор и Рафаеле Паладини.

Кога во прашање е Гасперини тој наводно има понуда од Рома. На клупата на Аталанта Гасперини пристигна летото 2016 година и периодот под негово водство е најуспешниот во историјата на клубот.