Милан продава три големи ѕвезди!

Лошите резултати оваа сезона кои кулминираа со поразот од Торино, го натераа раководството на Милан да размислува за радикални промени.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан го губи трпението со неконзистентноста на Рафаел Леао, Тео Ернандез и Мајк Мењон.

Сите тројца оваа сезона се далеку од своите најдобри денови, па раководството на Милан размислува да се ослободи од нив.

Наводно Рафаел Леао, Тео Ернандез и Мајк Мењон ќе бидат ставени на продажба, па доколку пристигнат соодветни понуди за нив, тие ќе бидат продадени.