
Тен Хаг: Од Манчестер ми недостасува само една работа!
Ерик тен Хаг поради лошите резултати беше заменет со Рубен Аморим, но Манчестер јунајтед не стана подобар, барем не засега.
„Ако има една работа која ми недостасува, тоа е Олд Трафорд“, вели Тен Хаг.
„Во Манчестер јунајтед имавме многу подеми, но секогаш велев дека има простор за напредок. Дека не е доволно добро“.
Тој вели дека нема да биде тренер оваа сезона, ќе почека таа да заврши па тогаш ќе ѝ се врати на работата.
„Веќе донесов одлука да не прифатам работа до 1. јули, до стартот на новата сезона“.