Ништо од Џерард: Ренџерс доведе друг тренер

Иако се најавуваше Стивен Џерард, сепак легендата на Ливерпул не се врати на клупата на Ренџерс, барем не во овој момент.

Шкотскиот гигант именуваше нов тренер и тоа ќе биде Бери Фергусон. Фергусон е поранешен капитен на тимот и потпиша договор до крајот на сезоната.

Ренџерс на табелата во првенството веќе заостанува 13 бодови зад најголемиот ривал Селтик, па така освојување на титулата на е целта која се поставува пред Фергусон.

Во тренерската кариера Фергусон ги водеше уште: Блекпул, Клајд, Келти Хартс и Ало Атлетик, но во Ренџерс пристигнува по три години без тренерски ангажман.