Најбизарните десет секунди во Премиер лигата (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација видовме викендов во натпреварот помеѓу Фулам и Кристал и Палас во рамките од 26. коло во Премиер лигата.

Се играше 28. Минута од натпреварот кога при резултат 0-0 ѕвездата на Кристал Палас, Еберчи Езе доби топка на левата страна покрај аут линијата во момент кога пред него се наоѓаше неговиот поранешен соиграч Јоаким Андерсен.

Данецот дека е многу побавен од Езе внимателно ја следеше ситуацијата, но Езе едноставно застана. Андерсен по неколку секунди му гестикулираше сакајќи да му каже дека непотребно „краде време“.