
Лудо: Фудбалер нокаутираше противник како на бокс меч! (ВИДЕО)
Фудбалерот Марио Гонзалес е во фокусот поради насилно однесување, тој пред крајот на мечот влезе во конфликт со противничките играчи, па на неверојатен начин го нокаутираше Енцо Ечевесте.
Тој доби директен црвен картон, а ударот е за долга суспензија.
Се чини дека во Јужна Америка поинаку се третираат тепачките на теренот, па нокаутираниот Енцо излезе со многу блага изјава.
„Да заборавиме на тоа што се случи. Сè е во ред. Мора да се фокусираме на следниот натпревар. Ова ќе го оставиме зад нас. Им благодарам на сите кои беа загрижени и ми упатија пораки. Добро сум“, рече фудбалерот кој го прими силниот удар.