
Македонија ги доби можните ривали во претквалификациите за Светското првенство
Во овој сегмент ќе учествува и македонската репрезентација која не успеа да се пласира на континенталниот шампионат. За разлика од претходните настапи во претквалификациите, сега друштвото е далеку поквалитетно бидејќи во конкуренција, меѓу другите, се пет репрезентации кои учествуваа на Европското првенство во 2022 година: Хрватска, Украина, Бугарија, Холандија и Унгарија. Останатите можни ривали се Данска и Словачка кои ни се добро познати од претходните циклуси за европските и светските првенства. Од првата фаза на претквалификациите за Мундијалот, понатаму одат Австрија, Норвешка, Романија и Швајцарија.
Ова значи дека македонската кошаркарска репрезентација ќе има бурно лето. Претквалификациите за Светското првенство ќе се одржат од 2 до 20 август, 12. репрезентации ќе бидат поделени во четири групи со по три учесници, а пласман во квалификациите обезбедуваат најдобрите две од секоја група или вкупно осум.
Откако игра претквалификации за европски и светски првенства, Македонија само еднаш не успеа да ги мине и тоа во 2018 година кога бевме во група со Косово и, нормално, Естонија.