Aлварез двоен стрелец на „Местаља“, Атлетико ја прескокна Барселона (ВИДЕО)

Aтлетико Мадрид со 0-3 славеше победа над Валенсија на „Местаља“ и така барем привремено го презема врвот на табелата во Ла Лига.

Избраниците на Диего Симеоне работата ја завршија уште во првиот дел. Засилувањето од Манчестер сити, Хулијан Алварез одлично го стартуваше натпреварот и во првиот половина час двапати се запиша во листата на стрелци.

Со двата гола на Алварез, Валенсија имаше предност на паузата. Во вториот дел Валенсија ја презема иницијативата и создаде повеќе шанси, сепак Облак не дозволи да биде совладан. Кога домаќините не ги искористија шансите, Атлетико постигна и трет гол преку Анхел Кореа.

Атлетико сега е лидер во Ла Лига со 53 бода и ќе остане тука барем до завршување на натпреварот помеѓу Лас Палмас и Барселона вечерва.