
Вања одбрани пенал, Мањан киксираше - Милан поразен во Торино! (ВИДЕО)
Победата на Торино беше најавена со киксот на голманот Мајк Мањан кој при обид да исфрли една топка го погоди својот дефанзивец, Малик Тиао, по што топката заврши во мрежата.
Имаа голема прилика „росонерите“ за израмнување до крајот на првото полувреме, но Кристијан Пулишиќ не реализираше пенал и неговиот удар го одбрани голманот Вања Милинковиќ-Савиќ.
За српскиот голман ова беше дури четврти одбранет пенал од пет колку што имаа противниците на Торино сезонава.
Во вториот дел се играше 74. минута кога Рејндерс донесе израмнување, но само три минути подоцна Гинетис постигнува втор гол за Торино за ново водство. Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас по голот минатиот викенд за првпат беше стартер кај Торино и на теренот беше до 58. минута.
На табелата по 25 кола Милан има 41 бод и „росонерите“ ги чека тешка битка за место во Лигата на шампионите бидејќи пред нив се Фиорентина со 42, Јувентус со 46 и Лаицо кој е четврти со 47.