Рубљов го повтори успехот од 2020 - ја освои Доха! (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Андреј Рубљов успеа да го освои АТП турнирот во Доха откако денеска со 2-1 во сетови го совлада Британецот (7-5, 5-7, 6-1).

Мечот траеше два часа и шест минути. Во првиот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до 11-тиот гем кога Рубљов поведе со 6-5, а потоа на свој сервис и го потврди брејкот.

Во вториот сет Дрејпер исто така во 11-тиот гем направи брејк и на идентичен начин како Рубљов првиот го доби вториот сет.

Одлучувачкиот сет донесе доминација на рускиот ас кој на Британецот му дозволи само еден гем. За Рубљов ова е повторување на успехот од 2020 година кога исто така славеше во Доха, а оваа титула за него беше 17-та во кариерата.