
Каков распоред: Атлетико го чекаат пеколни шест недели!
Ждребките баш и не беа наклонети за Атлетико оваа година и откако во Копа дел Реј ја добија Барселона, денеска за противник во осминаифналето од Лигата на шампионите го добија Реал Мадид. Исто така пред дербито со градскиот ривал ги чека незгодниот Атлетик Билбао кој игра одлично од почетокот на сезоната и се наоѓа на четвртото место во Ла Лига.
Периодот кој следи би можел да биде клучен за „јорганџиите“ исходот на сезоната бидејќи во шест недели ќе одиграат шест дербија на трите фрнтови.
Пеколниот распоред за избраниците на Симеоне започнува со натпреварот против Атлетик на 1 март, потоа три дена подоцна го чека Реал во ЛШ, па Гетафе на 9 март. Реваншот со „кралевите“ е закажан за 11 март и само пет дена подоцна е дуелот со Барселона.
За крај на март Атлетико на 30 ќе игра против Еспањол ,а потоа на 2 април против Атлетико.