
Eлмас може да биде стартер против Милан, Ваноли порачува: Тој е лидер!
Торино утре ќе се соочи против Милан во терминот од 18:00 часот, а тренерот Паоло Ваноли на прес-конференцијата пред натпреварот имаше само пофални зборови за Елмас најавувајќи дека има можнност Елиф да стартува.
Сепак, Ваноли нагласи дека ако стартува, Елмас нема да биде 90 минути на теренот.
„Елиф ни носи многу квалитет, тој е важен играч тактички и технички. Навистина е привилегија да го тренираше. Кога е на теренот може да биде лидер на тимот, ако влезе од клупата ќе ни донесе свежина до крајот, ако започне, нема да одигра 90 минути“, изјави Ваноли.