„Ел Класико“ сезонава може да гледаме и во две финалиња!

Барселона и Реал Мадрид се сретнаа во финалето од Суперкупот на Шпанија, а не е невозможно до крајот сезоната да одиграат уште две финалиња.

Како што е познато на денешната ждребка во Лигата на шампионите двата шпански ривали се најдоа на спортивни страни и нема да можат да се сретнат пред финалето.

Патот на Реал Мадрид е многу потежок, тие мораат прво да го поминат Атлетико, па потоа Арсенал или ПСВ и потенцијално Ливерпул или ПСЖ во полуфиналето.

Барса на другата страна прво ќе игра со Бенфика, па против Дортмунд или Лил, а потоа во полуфиналето ќе се соочи со Интер, Баерн или Ливеркузен.

Освен во Лигата на шампионите, ждребката ги раздели Барселона и Реал Мадрид и во Копа дел Реј. Таму Барса ја чека двомеч со Атлетико, додека Реал ќе се соочи со Реал Сосиедад.

Со оглед дека во Ла Лига „Ел Класико“ на програмата е на 10 мај би било навистина интересно ако гледаме и уште некое финале помеѓу големите ривали во финишот од сезоната. Финалето од Копа дел Реј е закажано на 26 април, додека битката за трофејот во Лигата на шампионите е закажана за 31 мај.