Среде меч се онесвести еден од судиите што ја опљачкаа Македонија во Вараждин! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Веспрем и Спортинг Лисабон (33-32) го одбележа инцидент во првото полувреме, кога се онесвести данскиот судија Јеспер Мадсен.

Мадсен се струполи на паркетот, по што доби медицинска помош и беше пренесен во болница за да добие дополнителна нега.

Данскиот судија е еден од арбитрите кои ја оштетија Македонија на дуелот против Холандија на Светското првенство (СП) и предизвикаа лавина реакции со скандалозните одлуки.