Проблеми за Пелистер: Висла Плоцк го совлада Фуксе Берлин

Висла Плоцк вечерва славеше со 32-27 против Фуксе Берлин и направи исчекор во борбата за пласман во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ), односно сега има два бодови повеќе од Пелистер, кој вечерва го игра мечот од 12. коло.

Полскиот тим блесна во првото полувреме против Фуксе Берлин и на паузата замина со 19-11, односно осум голови предност, кои не беа достижни за гостинскиот состав во продолжение од натпреварот.

Најефикасен во победничката екипа беше Пирох со 10 голови, додека Марсениќ постигна пет погодоци за Фуксе Берлин.

Вечерва се одигра уште еден меч од истиот термин, односно Веспрем ја доби големата драма против Спортинг со 33-32.

Пред вечерашниот меч на Пелистер, Висла се наоѓа на шестата позиција со осум поени, односно два повеќе од македонскиот шампион.