ПСВ со лекција за Јуве, остана само Интер да ја брани честа на Италијанците! (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Јувентус доживеа пораз од ПСВ (1-3) по продолженија и се збогува со Лигата на шампиони (ЛШ).

По првото полувреме, кое помина без голови, почна драмата во вториот дел, а резултатот го отвори Иван Перишиќ во 53. минута.

Радоста на ПСВ траеше само 10 минути бидејќи потоа Веа стрелаше за 1-1 и го врати Јувентус на патот кон осминафинале, меѓутоа Саибари потоа повторно ја врати предноста на домаќините и избори продолженија.

Дополнителен шок за „Старата дама“ беше третиот гол на ПСВ, кој беше постигнат од Фламинго во 98. минута од натпреварот, со што ја потврди победата и пласманот во осминафинале.

Интер остана како единствена италијанска екипа во нокаут-фазата која ќе ја брани честа на Италијанците во ЛШ, откако претходно и Аталанта беше елиминирана од Клуб Бриж, додека Милан загуби од Феенорд.