Несторовски е во тимот на колото во Хрватска, Чурлинов во Полска!

Успешен викенд за Илија Несторовски и Дарко Чурлинов, двајцата Македонци постигнаа голови и се најдоа во тимовите на колото во првенствата каде што настапуваат.

Несторовски го постигна единствениот гол на мечот меѓу Вараждин и Славен Белупо. Поради тоа се најде во тимот на колото во Хрватска.

Во полскиот шампионат Јагелонија со 3-0 го совлада Мотор, а Дарко Чурлинов постигна убав погодок. Тој се најде во тимот на колото во најдобрата полска лига.