Струга го врати тренерот кој минатата сезона ѝ ја донесе шампионската титула

Досегашниот асистент на Ќатип Османи, Меритон Гега ќе ја води Струга во дуелот од Купот на Македонија против Гостивар кој се игра утре.

Тој е назначен за привремен тренер на актуелниот шампион на Македонија, по заминувањето на Османи кој поднесе оставка по саботниот пораз од Вардар. Гега се враќа на тренерската позиција на која беше во последните три кола од минатата сезона и во кои на Струга ѝ ја донесе втората шампионска титула по ред во македонското првенство.

И тогаш дебитираше против Гостивар во меч во кој стружани славеа со 1-0, а осум дена подоцна под негово водство триумфираа и во клучниот дуел со Шкендија и стави печат на трофејот.

Дали Гега ќе остане перманентно решение, ќе се знае по дуелот против Гостивар во Купот. Со оглед на тоа што шансите за трета шампионска титула по ред остануваат минимални, главна цел на Струга до крајот на сезоната ќе биде трофејот во второто домашно натпреварување што би обезбедило излезе на меѓународна сцена.