
Едерсон на заминување, Сити мерка голман од 75 милиони евра
Меѓу нив и долгогодишниот голман Едерсон кој се вклопи во сивилото на екипата оваа сезона. Бразилецот најверојатно ќе биде продаден, а Сити веќе ја мерка неговата замена. Станува збор за чуварот на мрежата на Порто, Диого Коста со кого, според Футмеркато, преговорите се веќе почнати.
Португалецот е стандарден на голот на Порто од 2019 година и досега забележа вкупно 188 настапи за овој тим. Со клубот има две титули, а во меѓувреме стана и прв голман на португалската репрезентација за која одигра 32 меча.
Откупната клаузула на Коста изнесува 75 милиони евра, а знаејќи го цврстиот став на раководството на клубот, тешко дека Сити ќе го добие за помала сума.