
Навивачите на Барса во екстаза: Меси посакал да се врати!
Шпанскиот новинар Алекс Кандал тврди дека добил изјава од Аргентинецот која значи дека тој ќе се врати во Барса.
„Не можам да се простам од фудбалот без играње на новиот Камп Ноу“, наводно му рекол Меси на Кандал.
Прашање е колку е реално Меси да потпише за Барселона откако два пати по неговото заминувањето пропаднаа обидите за такво нешто. Аргентинскиот ас веќе две години е член на Интер Мајами со кого има договор до 2027 година. Наводно, Дејвид Бекам нема да му прави проблеми ако сака да се врати во Барса, но такво нешто е веројатно да се случи краток период на почетокот од идната година, односно од стартот на јануарскиот преоден рок до почнувањето на новата сезона во МЛС. Втората опција е Интер Мајами да учествува на Гампер купот со кој Барса ја отвора новата сезона.