
Мбапе го пропушта куп-мечот со Сосиедад – мора на операција!
Причината за неговото отсуство беше операција на заб. Иако процедурата беше планирана однапред, таа го спречи Мбапе да тренира под водство на тренерот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег потврди дека Французинот ќе патува со екипата и може да добие минути во натпреварот, но не исклучи можност за негов одмор во куп-дуелот.
Реал Мадрид има густ распоред – по мечот со Реал Сосиедад, тимот в сабота (18.30 часот) гостува кај Бетис во Ла Лига, а во вторник ќе го пречека Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ова е четврти натпревар сезонава што Мбапе може да го пропушти, откако досега не играше против Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано во Ла Лига поради повреда и против Леганес во Копа дел Реј поради одмор.
На тренингот не присуствуваше ниту белгискиот голман Тибо Куртоа. Анчелоти реши да му даде краток одмор на Куртоа, додека украинскиот чувар на мрежата, Андриј Лунин, ќе биде стартер во куп-натпреварот.