Ку*ви, ќе ве убиеме: Фудбалери нападнаа судијки – пробале да им влезат во соблекувална (ФОТО)

Фудбалскиот натпревар од Втората регионална лига на Гран Канарија помеѓу Телдекоста и Арена Футболтека беше прекинат поради сцени на вербално и физичко насилство, при што судијките беа принудени да се заклучат во соблекувалната за да избегнат напад од разгневени играчи и навивачи.

Инцидентот започнал во 77. минута кога фудбалерот на домашниот тим добил црвен картон, а негов соиграч физички нападнал противнички играч. Тензијата ескалирала во масовна тепачка, а ситуацијата дополнително се влошила кога група од околу дваесет лица упаднала на теренот и започнала пресметка. Сфaќајќи дека се загрозени, судијките се повлекле во соблекувалната, но играчите се обиделе да влезат со сила, додека однадвор се слушале смртни закани.

„Отворите, к**ви, ќе ве убиеме!“ и „Излезете надвор, ќе ве скршиме!“ биле дел од навредите што се упатувале кон нив.

Судијките се барикадирале, држејќи ги вратите со метла, додека не пристигнала полицијата, која спречила поголем инцидент.