
Tурците убедени: Осимен го избрал новиот клуб
Минатото лето Нигериецот долго време преговараше со Челси, но на крајот тие преговори пропаднаа, а се најавуваше дека Галатасарај за него ќе биде само привремена станица пред преселбата во некој поголем клуб.
Денеска од Турција пристигнува вест дека Осимен е подготвен да го засили Манчестер јунајтед.
Наводно, Осимен сака да се пресели на „Олд Трафорд“ и верува дека може да му помогне на клубот од Манчестер да се врати на победничките патеки.
Во Турција напаѓачот игра одлично и постигна 20 гола, додавајќи пет асистенции на 26 натпревари во сите натпреварувања.
Ќе потсетиме, дресот на Галатасарај го носи како позајмен фудбалер од Наполи кој сигурно добро ќе заработи од евентуалната продажба во Премиер лигата.