
Мурињо доби „корпа“: Влаховиќ одбил плата од 12 милиони евра годишно!
Турскиот гигант наводно му понудил плата од 12 милиони евра годишно на Влаховиќ, меѓутоа српскиот голгетер не сакал да ја прифати понудата бидејќи неговиот сон бил да заигра во Премиерлигата.
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо не успеал да го убеди Влаховиќ да се пресели во Турција, односно српскиот напаѓач ќе чека понуда од Островот.
Арсенал се споменуваше како еден од кандидатите за потписот на гол-машината на „Старата дама“, но по неговиот потпис би можел да тргне дури во текот на летото.