Роналдо со нов гол го водеше Ал Наср до триумф (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср триумфираа со 2-0 против Ал Вехда во рамки на 22. коло од саудискиот шампионат, а Кристијано Роналдо повторно се запиша во листата со стрелци.

Ал Наср имаше неколку добри шанси во првото полувреме кои не ги реализираше, но затоа Роналдо во 48. минута го отвори резултатот и донесе предност за гостите.

Победата на гостите ја потврди Садио Мане, кој беше прецизен од белата точка во судиското надополнување на вториот дел.

Ал Наср се наоѓа на третото место во лигата, додека Роналдо е прв стрелец во шампионатот со 17 погодоци.