Третолигаш го елиминира Вердер и обезбеди полуфинале во Купот

Фудбалерите на Арминија направија големо изненадување во четвртфиналето на германскиот Куп, каде што го совладаа бундеслигашот Вердер Бремен со 2-1.

Арминија ги постигна двата гола во финишот од првото полувреме. Ворл најпрво во 35. минута стрелаше за 1-0, а потоа Малатини запиша автогол.

Вердер ја контролираше играта во второто полувреме и успеа преку Бурк да намали на 1-2 во 56. минута, меѓутоа бундеслигашот немаше сила и за втор гол.

Пласман во полуфинале на германскиот Куп веќе обезбедија Баер Леверкузен и Штутгарт, а во последното четвртфинале ќе играат Лајпциг и Волфсбург.