Манчестер сити ќе плати 100 милиони евра за ѕвезда од Бундеслигата

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити планира да потроши многу пари следното лето на засилувања, а една од желбите на тренерот Пеп Гвардиола е Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд.

Гитенс веќе привлече интерес на неколку премиерлигаши, но Дортмунд не планира да го пушти доколку не пристигне понуда од 100 милиони евра.

Младиот фудбалер оваа сезона настапи на 35 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 11 голови и пет асистенции, па тоа беше доволно да го привлече интересот од „граѓаните“.