
Синот на Кличко дебитираше за Украина и - беше одличен!
Станува збор за кошаркар кој е висок импресивни 216 сантиметри и игра на позицијата центар, а настапи во натпреварот од квалификациите за Еврбобаскетот во кој Украина славеше против Португалија со резултат 88-60.
Иако украинската судбина во квалификациите со пет порази во исто толку натпревари веќе беше решена од претходно, дебитантот максимално ја искористи минутажата на паркетот.
Кличко постигна седум поени во само девет минути игра, ги погоди двата шута и реализираше три од четирите слободни фрлања. Освен тоа забележа уште два скока и една блокада, но и изгуби една топка и запиша лична грешка.