Пеп ќе бара нов плејмејкер: Де Брујне го напушта Манчестер сити!

„Скај Спортс“ објави дека капитенот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне ја одбил понудата за продолжување на соработката на уште една сезона и од јуни ќе биде слободен агент.

Искусниот фудбалер ги напушта „граѓаните“ по 409 одиграни натпревари за премиерлигашот, во кои постигна дури 105 голови и 173 асистенции.

Како негова следна дестинација се споменува МЛС-лигата, односно Сан Диего, кој наскоро планира да го испрати својот предлог до Белгиецот.

„Граѓаните“ претходно најавија голем ремонт на екипата, а освен Де Брујне се очекува да заминат и многу други важни фудбалери од „Итихад“.