
Фудбалерките до 19 години во натпревар со шест гола поразени од БиХ
Гостинските фудбалерки први дојдоа до водство со голот на Уна Ракиќ во 19. минута, а по половина час Нина Гарибија се погрижи за 0-2. Постигнаа до крајот на првиот дел босанските фудбалерки и трет гол преку Тасенем Џинџаревиќ.
Македонија преку Јована Павловска во 64. минута намали на 1-3, но само минутап одоцна Јована Лана Новаковиќ стрелаше за 1-4. Конечни 2-4 ги постигна Павловска со својот втор гол.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА: Ведрана Комненова, Емилија Блажевска, Слаѓана Ѓоргиева, Јована Павловска, Јехона Велиу, Ива Јосифова, Михаела Додевска, Васка Василева, Ева Конева, Кристина Крстева, Мелиса Димитриоски;