На стадионот во Берово, гледачите уживаат во фудбал и - пржат месо (ВИДЕО)

Третолигашите Малеш и Брегалница Делчево во текот на викендот одиграа возбудлив пријателски меч во Берово кој заврши со победи на гостинскиот тим од 5-4.

Но, освен на теренот, интересно беше и на една од трибините каде гледачите уживаа во фудбалот и си правеа мезе.

На една тава се пржеше месо што, според соговорникот, е постојана практика кога се играат натпреварите на Малеш на домашен терен.