Фешта во фан-клубот на Фенербахче во Кичево (ВИДЕО)

Синоќа во Истанбул се играше најголемото турско фудбалско дерби, меѓу Галатасарај и Фенербахче, а дуелот со големо внимание бепе проследен и во Македонија.

Во фан-клубот на Фенербахче во Кичево, приврзаниците на овој клуб направија вистинска фудбалска фешта. Се собраа околу 100 навивачи кои со музика го дочекаа натпреварот, а потоа и емотивно го изгледаа.

За нивна жал, дербито заврши без победник и без голови, па Фенербахче остана на шест бода негатива во однос на својот најголем ривал.