Плејмејкер во тело на центар: Јокиќ со рекорд на кариерата ја сруши Индијана (ВИДЕО)

Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ уште еднаш ги воодушеви љубителите на кошарката со своите перформанси.

Неговиот тимот ноќеска славеше на гостувањето кај Индијана со 125-116, а српскиот кошаркар имаше исклучително интересна статистика. За 38 минути игра постигна 18 поени, 9 скока и - 19 асистенции. Бројот на додавања за кош на овој меч е рекорд на неговата кариера и втор ефект во историјата на НБА, кога станува збор само за центрите.

Рекордот меѓу центрите во НБА го држи Вилт Чембрлен со 21 асистенција, но Јокиќ има 20 од најдобрите 25 натпревари во историјата во оваа статистичка категорија. Ерон Гордон со 25 поени беше најефикасен во тимот на Денвер, додека Мајлс Тарнер ја предводеше Индијана со 23.

Денвер по пвој триумф повторно е на второто место во Западната конференција со биланс 38/20 и еден натпревар повеќе од Мемфис со кого е во жестока битка.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - ЛА Клиперс 106-97
Индијана - Денвер 116-125
Филаделфија - Чикаго 110-125
Вашингтон - Бруклин 107-99
Атланта - Мајами 98-86
Оклахома - Минесота 128-131
Јута - Портланд 112-114
Сакраменто - Шарлот 130-88