Проблеми со повреди во Ливерпул пред натпреварот со Вулвс

Екипата на Ливерпул в недела на „Енфилд“ ќе го пречека Вулверхемптон во рамките од Премиер лигата, а тренерот Арне Слот пред овој натпревар се соочува со проблеми со составот.

Покрај веќе познатите отсуства под знак прашалник е и настапот на Коди Гакпо кој се повреди во „Мерсисајд“ дербито против Евертон.

Ливерпул ќе се обиде да се врати на победничките патеки по двата разочаувачки резултати, а Слот веќе знае дека нема да може да смета на Куртис Џонс кој ќе одработи суспензија.

Џо Гомез и Тајлор Мортон се повредени и надвор од тимот, но добра вест е што се враќа Арнолд.

„Гомез и Мортон се надвор од тимот. Вчера не тренираа и ќе видиме како стојат работите денес. Коди исто така е под знак прашалник. Го заменив поради повреда, доби удар и ќе видиме како ќе се чувствува денес“, изјави Слот.

Ако Гакпо не биде спремен, Дарвин Нуњез или Диого Жота би можеле да добијат можност од прваста минута. Тоа би значело и поместување на Луис Дијаз на позицијата лево крило.

Гакпо сезонава е еден од најконстатните фудбалери на Ливерпул со 16 голови и пет асистенции во 36 натпревари. Холаѓанецот беше присутен во речиси сите натпревари на Ливерпул во Премиер лигата и Лигата на шампионите, пропушти натпревари само во ФА Купот.