![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/14/248469-treto-poluvreme-od-gradskoto-derbi-otvoreni-postapki-protiv-liverpul-everton-i-slot.jpg?itok=34WHheGj)
„Трето полувреме“ од дербито: Отворени постапки против Ливерпул, Евертон и Слот
Евертон и Ливерпул се обвинети бидејќи „не успеале да ги контролираат своите фудбалери“ и турканицата која на стана по завршувањето на средбата.
Судијата Мајкл Оливер во таа ситуација им додели втор жолт карртон на Абдулаје Дукуре од едната страна и Куртис Џонс од другата. Арне Слот е обвинет поради црвениот картон кој доби поради „неесодветна комуникација со судијата“.
Исто така и помошникот на Слот кој доби црвен картон е обвинет за истото прекршување на правилата. Клубовите имаат рок до 19 февруари да поднесат жалби на обвиненијата.
Слот секако го чекаат два натпревари суспензија бидејќи ова му беше втор жолт картон во сезоната.