„Одигравме добро во одбрана и запревме напаѓачка екипа на 62 поени!“

Гостивар направи големо изненадување во Купот на Македонија, откако го елиминира ТФТ Скопје со триумфот од 72-62, а тренерот Љупчо Малинков кажа дека е среќен со успехот на неговите избраници.

Малинков кажа дека одиграле 75 отсто од планот кој го имале против фаворитот и на крајот го запреле противникот на само 62 поени.

„Им честитам на кошаркарите, одигравме добро во напад и одбрана. Запревме напаѓачка екипа на само 62 поени. Имавме мал број кошаркари во ротација, но имаме време да одмориме пред следниот противник“, кажа Малинков.

Гостивар во полуфинале на Купот ќе игра против победникот од средбата меѓу Куманово и Кожув.