Гостивар го направи првото големо изненадување на завршницата од Купот!

Кошаркарите на Гостивар го совладаа ТФТ Скопје со 72-62 и го направија првото изненадување во завршницата на Купот на Македонија.

Првата четвртина ја одбележа борбена игра од двете екипи, по што ТФТ стигна до водство од 18-17 по 10 минути игра, а возбудувањата продолжија до крајот на првото полувреме, кое му припадна на скопскиот тим со 33-32.

ТФТ беше очаен на стартот на второто полувреме и постигна само 10 поени во третата четвртина, што му овозможи на Гостивар да поведе со осум поени предност (51-43).

Гостивар успешно го чуваше водството во последните 10 минути, иако ТФТ се приближи на три поени негатива (59-62), меѓутоа на крајот загуби со 72-62.

Грусановиќ и Комагум беа најефикасни во победничкиот тим со по 15 поени, додека Говенс запиша 19 поени за ТФТ Скопје.

Скопскиот тим беше лидер по првиот дел од сезоната во Првата лига, при што на ждрепката го имаше бројот 1 при одредување на двојките, но и покрај тоа рано се збогува од Купот.