Сагосен потпиша со Алборг до 2029 година!

Норвешкиот ракометар Сандер Сагосен потпиша договор со данскиот гигант Алборг на четири ипол сезони, односно до 2029 година.

Сагосен претходно играше за Колштад, со кој имаше договор до 2027 година, но реши да се пресели во Алборг.

Искусниот ракометар не може да настапи во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), но затоа ќе може да му помогне на Алборг во нокаут-фазата.