Консеисао одговори едно прашање и замина од прес-конференција (ВИДЕО)

Милан загуби на гостувањето кај Феенорд со 0-1 во првиот меч од плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Серџо Консеисао беше нервозен по поразот.

Консеисао се налути затоа што морал да чека 15 минути за да почне прес-конференцијата, па поради тоа одговори само едно прашање и си замина.

„Чекав 15 минути за да зборувам, сега ги искористив моите 30 секунди, доволно е“, кажа Консеисао.