![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/248305-barselona-reshi-golem-problem-go-osigura-ostanuvanje-na-najdobriot-strelec.jpeg?itok=HpCuGzVI)
Барселона реши голем проблем – го осигура останување на најдобриот стрелец!
Полјакот сезонава блеска со 31 постигнат гол и три асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања, со што е водечки стрелец и во шпанската Примера и во Лигата на шампионите. Неговиот договор содржи клаузула според која автоматски би му се продолжил ангажманот за уште една сезона доколку одигра барем половина од натпреварите оваа сезона, со минимум едно полувреме по меч.
Овој услов веројатно ќе биде исполнет веќе во текот на месецов, но весникот „Мундо Депортиво“ открива дека раководството на Барселона веќе постигнало договор со Левандовски и без таа клаузула. Според истиот извор, претседателот Жоан Лапорта, спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик се согласиле за продолжување на соработката со искусниот напаѓач.