Преговорите започнале: Уште еден англиски гигант добива катарски сопственици?

Bлегувањето на пари од Блискиот исток во англискиот фудбал стана честа појава, а сега се појави можност Тотнем да добие инвеститори од Катар.

Наводно група катарски инвеститори планираат преземање на Тотнем и тоа би можело да им се допадне на сите, како на нездоволните навивачи, така и на актуелниот прв човек на клубот, Даниел Леви.

Причината е затоа што Леви освен што би добил пари, би ја задржал функцијата прв човек на клубот. Реномираниот „Гардијан“ најави дека групата е сериозна и одлучна во намерата да го преземе гигантот од Северен Лондон.

Но, планот на инвеститорите е постепено да го преземаат клубот, односно прво да влезат со помал пакет на акции, а потоа да го станат и мнозински сопственици. Нешто слично со она што го направи Џим Ретклиф во Манчестер јунајтед.

Засега индентитетот на инвеститорите не се открива, но познато е дека станува збор за приватни бизнисмени, не за катарскиот инвестиционен фонд предводен од шеикот Хасим бил Хамад Ал-Тани.